Панел дебата за „Образование водено од реалните потреби на учениците“, во организација на ЗМАИ
- Настан посветен на „Образование водено од реалните потреби на учениците - паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, ќе се одржи денеска во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) – Настан посветен на „Образование водено од реалните потреби на учениците - паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, ќе се одржи денеска во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.
На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставничката на УНИЦЕФ во земјата, Лесли Милер, извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и други експерти и практичари.
По поздравните обраќања следи експертски панел на тема „Образование водено од реалните потреби на учениците“ - Паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура.
На панел дискусијата, како што е најавено, ќе учествуваат специјалистка за образование од УНИЦЕФ, Вера Кондиќ Митровска; претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски; државниот Секретар во Министерство за образование и наука, Елена Ивановска и поранешниот декан на Педагошкиот факултет, професор Емиљ Сулејмани. аа/мд/
Фото: МИА архива