• недела, 22 декември 2024

Панел-сесија на Преспа форумот посветена на важноста на жените во процесот на владеење

Панел-сесија на Преспа форумот посветена на важноста на жените во процесот на владеење

Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на овогодишниот Преспа форумот за дијалог, денеска се одржа панел-сесија на тема „Самит за демократија – Важноста на жените во процесот на владеење“, на којшто учествуваа високи претставници од земјата, регионот и пошироко, информира Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека воведно обраќање на панелот имала заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки која истакнала дека има видлив напредок во подобрувањето на родовиот баланс во општеството, но сепак потребно е да се вложат дополнителни напори за вклучување на жените во владеење, во процесите на донесување одлуки и во политиката воопшто. - Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи потенцираше дека едно општество коешто обезбедува еднакви права за девојчињата и жените и ја вреднува нивната работа еднакво како и на мажите – е општество коешто ќе го води светот кон развој, демократија и прогрес. Во иста насока беа и пораките на вицепремиерката Славица Грковска која подвлече дека заедно, мажите и жените, отворено треба да говорат за родовата еднаквост во владеењето на политиката на централно и локално ниво, како и во сите сегменти коишто придонесуваат за развој на земјата како што се медиумите, граѓанското општество и приватниот сектор, велат од МНР. На панелот се обратила и Розмари Ди Карло, потсекретарка за политички и мировни прашања на ОН. Ди Карло истакнала дека треба да постои мировен договор, политика или донесена одлука без вклучување на жените бидејќи тие се основниот столб за воспоставување на траен мир и благосостојба. - На панелот со видео обраќање се приклучи и Катрина Фотоват која е висок државен секретар од Стејт департментот за глобални женски прашања, а воедно е и промоторка на иницијативата на претседателот на САД, Џо Бајден за политичко лидерство и родова еднаквост на жените. Фатоват изрази задоволство што оваа иницијатива резултираше со одличен одзив од многу земји во светот и поттикнува преземање на конкретни активности во насока на промовирање на женското владеење како фундаментална основа на демократијата, информираат од Министерството. Како што информираат од МНР говорници на панелот биле и Алберт Хани, генерален секретар на РИКО, и Роберт Бенџамин Регионален директор на НДИ, кои се осврнале на неопходноста за вклучување на мажите како адвокати за родовата еднаквост преку нивна силна поддршка на вклучување на жените во највисоките одлучувачки позиции во политиката и владеењето. Исто така, се потенцирала и еднаквоста и доброто владеење одат рака под рака, а како што посочиле „тоа не може да се постигне без учество на жените во јавниот живот и дека земјите со повисок степен на вклученост на жените во владеењето, се високо рангирани како демократски и економски поразвиени земји“. Заклучни согледувања на крајот од дискусијата дала и американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнс - Демократијата сè уште е кревка во овој регион и триесет години не се долг период, но сепак има многу добри практики кои можат да се земат како добар пример за реализиран прогрес, истакна Брнс додавајќи дека жените во функција треба максимално да ги користат нивните позиции за да го подобрат животите на другите жени генерално во секоја сфера од животот. ки/вј/  

Остани поврзан