Панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“
- Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје денеска организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“.
Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје денеска организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“.
Како што е најавено, ќе учествуваат претставници од УНФПА, Владата, од невладиниот и од приватниот сектор, работодавачи, синдикати, со цел зацврстување на дијалогот за родово одговорните семејни политики.
-Преку информирање на приватниот сектор за предностите на овие политики, застапување за потребните законски измени и зголемување на капацитетот на Владата за дизајнирање и спроведување на родово одговорни семејни политики во насока на искористување на демографскиот потенцијал во државата, соопшти организаторот.
Настанот се одржува во рамки на регионалната програма „Проширување на изборот: Родово одговорни семејни политики за приватниот сектор во Западен Балкан - Фаза 2”, финансирана од Австриската агенција за развој, а се спроведува во соработка со Здружението Конект.
Според најавата од Канцеларијата на УНФПА, воведни говори на панел-дискусијата ќе имаат Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Надица Петрушевски, политички аналитичар и одговорна за родови прашања во Австриска амабасада во Скопје и Афродита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија.
-Панел-дискусијата ќе ги презентира и најновите податоци и согледувања од Извештајот на УНФПА за состојбата на светското население за 2025 година, во пресрет на Светскиот ден на населението - 11 јули, се наведува во соопштението. хс/лв/
Фото: МИА архива