Панама прогласи вонредна состојба по грабежите и оштетувањата на зградите за време на протестите на одгледувачите на банани
- Панама прогласи вонредна состојба во својот главен регион за производство на банани откако бројни продавници и згради беа ограбени и оштетени за време на протестите на одгледувачите на банани за пензиската реформа, објави денеска Би-Би-Си.
Панама Сити, 21 јуни 2025 (МИА) - Панама прогласи вонредна состојба во својот главен регион за производство на банани откако бројни продавници и згради беа ограбени и оштетени за време на протестите на одгледувачите на банани за пензиската реформа, објави денеска Би-Би-Си.
Владата соопшти дека уставните права ќе бидат суспендирани во следните пет дена во северозападната покраина Бокас дел Торо.
Мерката ја ограничува слободата на движење и ѝ дозволува на полицијата да апси без налог.
Протестите низ целата земја траат од март, но кризата во регионот започна пред еден месец, кога локалниот синдикат на работниците за банани се придружи на протестот против предложените намалувања на пензиите и прогласи генерален штрајк.
Во Бокас дел Торо, немирите главно ги водеа работници на плантажа за банани во сопственост на Чикита Брендс.
Конфликтот се прошири минатиот месец откако компанијата отпушти илјадници работници кои штрајкуваа. Демонстрантите поставија блокади на патиштата и претходно оваа недела оштетија објект на Чикита Брендс и локалниот аеродром. мс/
фото: ЕПА