• недела, 22 декември 2024

Палмер и Ајхорст повторно во посета на БиХ

Палмер и Ајхорст повторно во посета на БиХ
Сараево, 2 ноември 2021 (МИА) - Претставниците на американската и европската дипломатија Метју Палмер и Анџелина Ајхорст ќе се вратат во БиХ во средината на ноември за да посредуваат во преговорите за измените на изборниот закон, објавија денеска локалните медиуми повикувајќи се на неименувани извори во Министерството за надворешни работи на БиХ. Минатата недела заврши серијата средби без резултати меѓу европските и американските посредници со лидерите на политичките партии во БиХ. Палмер и Ајхорст на крајот на минатонеделната посета на Сараево истакнаа дека тие само помагаат во преговорите, додека главната одговорност за постигнување на договор е на босанските политичари. Сега во преговорите се вклучени и правни експерти од Венецијанската комисија на Советот на Европа, со цел да се најде решение што би значело спроведување на сите пет пресуди на Европскиот суд за човекови права, односно елиминирање на постоечката дискриминација во изборниот процес заснована на етничката припадноста или местото на живеење на кандидатот за различни должности. ми/  

Остани поврзан