Палестинците со контрапредлог на мировниот план на САД
- Палестинците испратија одговор на американскиот блискоисточен мировен план, според кој делови на Западниот Брег ќе бидат анектирани од Израел, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Шта

Ерусалим, 9 јуни 2020 (МИА) - Палестинците испратија одговор на американскиот блискоисточен мировен план, според кој делови на Западниот Брег ќе бидат анектирани од Израел, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Штаје.
- Пред неколку денови и дадовме контрапредлог на „четворката“, истакна Штаје, алудирајќи на САД, Русија, ОН и ЕУ.
Тој нагласи дека е предложено создавање „суверена палестинска држава, независна и демилитаризирана“ со „незначителни измени на границите, каде што е потребно“. гт/