• сабота, 06 јули 2024

Палестинец убиен во инцидент кој според Израел е обид за напад со автомобил

Палестинец убиен во инцидент кој според Израел е обид за напад со автомобил
Рамала, 6 април 2021 (МИА) – Еден Палестинец е убиен, а неговата сопруга е повредена во инцидент што синоќа се случил на Западниот брег. Израелските вооружени сили соопштија дека војниците поставиле контролен пункт во Бир Набала, во близина на Рамала. Возило запрело на контролниот пункт, а потоа одеднаш забрзало кон група војници. Тоа ги довело во опасност нивните животи и тие отвориле оган, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 42-годишниот маж починал од повредите на главата откако војниците отвориле оган кон него. Неговата сопруга исто така е застрелана и удрена во грбот, и се здобила со „умерени повреди“. јт/

Остани поврзан