• недела, 22 декември 2024

Пакистанскиот технички премиер ќе положи заклетва додека земјата го слави Денот на независноста

Пакистанскиот технички премиер ќе положи заклетва додека земјата го слави Денот на независноста

Исламабад, 14 август 2023 (МИА) - Анвар ул Хак Какар денеска ќе положи заклетва како премиер на Пакистан во технички мандат да ја предводи Владата што ќе ги надгледува парламентарните избори, кои, според Уставот, треба да се одржат во следните 90 дена.

Какар вчера поднесе оставка како шеф на неговата партија Балучистан Авами и како сенатор откако премиерот во заминување Шехбаз Шариф и опозицискиот лидер Раза Риаз го назначија за технички мандат во очекување на изборите.

Полагањето заклетва се одржува додека Пакистан го слави својот 76-ти Ден на независноста. Но, прославата доаѓа во време на политички превирања, кои започнаа по смената на поранешниот премиер Имран Кан минатата година.

Безбедносните мерки се воспоставени на високо ниво низ целата земја по повеќекратните напади во текот на викендот.

Шариф го замени Кан во април 2022 година, откако беше отповикан со гласање недоверба.

Кан беше осуден на три години затвор на почетокот на овој месец поради корупција и моментално се наоѓа во затворот Аток во источната провинција Пенџаб. Тој ја обжали пресудата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан