• петок, 05 декември 2025

Пакистан се согласи да го продолжи дијалогот со авганистанските Талибанци во Истанбул

Пакистан се согласи да го продолжи дијалогот со авганистанските Талибанци во Истанбул

Исламабад, 30 октомври 2025 (МИА) – Пакистан се согласи да го продолжи дијалогот со авганистанските Талибанци во Истанбул по барање на Талибанците и Турција, соопштија денеска пакистански безбедносни извори.

Извори за Синхуа рекле дека пакистанската делегација, која требало да замине, сега ќе остане во Истанбул за да ги продолжи разговорите.

- Одлучено е да се продолжи процесот на преговори со цел да му се даде уште една шанса на мирот, рекол еден од изворите.

Изворите додадоа дека претстојната рунда разговори ќе се фокусира на клучното барање на Пакистан Авганистан да преземе јасни, проверливи и ефикасни мерки против терористичките групи кои дејствуваат од неговата територија.

Пакистанскиот сојузен министер за информации и радиодифузија, Аталах Тарар изјави дека последната рунда дијалог меѓу Пакистан и Авганистан одржана во Истанбул „не донесе никакво прифатливо решение“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан