• петок, 05 декември 2025

Пакистан го презеде месечното претседателство со Советот за безбедност на ОН

Пакистан го презеде месечното претседателство со Советот за безбедност на ОН

Њујорк, 2 јули 2025 (МИА) – Пакистан од денеска претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации, преземајќи ја месечната ротациона функција од досегашната земја-претседавач, објавија пакистанските државни медиуми.

Ова претставува значајна етапа во двегодишниот мандат на Пакистан како непостојана членка на Советот, кој започна во јануари 2025 година. На изборите, Исламабад обезбеди силна поддршка со 182 гласа од можни 193.

Според правилата на ОН, претседателството со Советот ротира секој месец, по азбучен ред на имињата на 15-те членки. Пакистан го презема водството токму во критичен период за бројни глобални прашања, вклучително и ситуациите во Украина, Газа и на Блискиот Исток.

Како претседавач, Пакистан ќе има задача да свикува седници, да посредува во дискусии и да го координира дневниот ред на најмоќното тело на ОН. ссм/

фото: архива

Остани поврзан