Падна првиот снег во Малешевијата
- Падна првиот снег во Малешевијата. Снежните врнежи се најизразени кај месноста Крива Круша во Пехчевско, каде од утрово интензивно паѓа снег, додека во останатите општини од Пијанечко-Малешев

Пехчево, 14 октомври 2021 (МИА) - Падна првиот снег во Малешевијата. Снежните врнежи се најизразени кај месноста Крива Круша во Пехчевско, каде од утрово интензивно паѓа снег, додека во останатите општини од Пијанечко-Малешевскиот регион Македонска Каменица, Делчево и Берово преовладуваат врнежи од дожд.
Сообраќајот, како што јавуваат возачи, се одвива по влажни коловози, на места прекриени со снег.
Целокупниот сообраќај на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово се одвива без одрони и проблеми на патиштата. вс/цр