• петок, 22 ноември 2024

Павлов и Феревски ќе судат на завршниот турнир во БИБЛ

Павлов и Феревски ќе судат на завршниот турнир во БИБЛ
Скопје, 26 април 2022 (МИА) - Александар Павлов и Алија Феревски ќе ја претставуваат македонската кошарка на завршниот турнир од Балканската лига, кој оваа сезона ќе се игра во Израел. Раководството на БИБЛ лигата им оддаде големи признание на двајцата наши арбитри со знакот на ФИБА да бидат во Хахарија, каде од 29 април до 1 мај ќе се бара новиот шампион на регионалното балканско натпреварување, објави Македонската кошаркарска федерација. На финалниот турнир има место за дури три екипи од Израел (Хапоел Галил Елион, Макаби Хаифа и организаторот на овој ивент, Ирони Нахарија), додека последниот полуфиналист доаѓа од Бугарија, тоа е екипата на Балкан од Ботевград. Освен македонските судиски интернационалци, правдата на овој завршен дел од сезоната во Лигата на Балканот ќе ја делат уште и: Огњен Јокиќ и Сава Цветковиќ (Црна Гора), двоецот од Грција, Диамантис Лортос и Јоанис Аграфиотис, како и Даут Мехмети од Косово. зс/

Остани поврзан