Павар ќе го пропушти дуелот со Борусија Дортмунд
- Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павар нема да може да игра во 7. коло од германскиот шампионат против Борусија Дортмунд.
Минхен, 7 ноември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павар нема да може да игра во 7. коло од германскиот шампионат против Борусија Дортмунд.
Според „Билд“, 24-годишниот Французин се здобил со повреда поради која го пропушти тренингот на тимот во четврток и петок. Најверојатно, неговото место во составот ќе го заземе Буна Сар, кој се пресели во Баерн во октомври оваа година.
Во сезоната 2020/21, Павар одигра 10 натпревари за Баерн, со една асистенција.
Натпреварот Борусија - Баерн ќе се одигра вечер со почеток во 18:30 часот. зс/