• недела, 22 декември 2024

ОЈО поднесе обвинение против шест лица за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

ОЈО поднесе обвинение против шест лица за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест
Скопје, 8 март 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против петмина македонски и еден турски државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. - Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица, се вели во соопштението од ОЈО. аа/са/

Остани поврзан