• четврток, 04 декември 2025

Охриѓанец предизвикал пожар на глисер на негов брат, зафатени и зграда и автомобил

Охриѓанец предизвикал пожар на глисер на негов брат, зафатени и зграда и автомобил

Скопје, 9 септември 2025 (МИА) - Охриѓанец се сомничи за предизвикување пожар на глисер на неговиот брат. Пожарот зафатил и дел од зграда и патничко возило, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска во три часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Охрид го лишиле од слобода З.С., 52-годишен охриѓанец. Тој се сомничи дека околу 2:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, што се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што се сопственост на неговиот 45-годишен брат Ј.С. од Охрид, појаснија од МВР.

Немало повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица - Охрид.

- З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додадоа од МВР. бд/са/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан