• среда, 25 декември 2024

Офшор компаниите се клучен елемент за затајување на данок

Офшор компаниите се клучен елемент за затајување на данок
Лондон, 5 октомври 2021 (МИА) - Офшор компаниите се клучен елемент во системот што го користат лидерите и супербогатите за да ги сокријат имотите, се наведува во Пандорините документи. Околу 11,9 милиони документи од компании за финансиски услуги добиени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) покажуваат како елитата користи даночни оази за да скрие имот во вредност од стотици милиони долари. Што е офшор компанија и како се користи  Офшор е компанија регистрирана на друго место каде што е регистрирана фирмата или престојува неговиот сопственик. Терминот генерално се смета дека се применува кога компанијата нема деловни активности во земјата во која е инкорпорирана и е основана за да ги искористи ниските даноци, слабата регулатива и тајноста што ги нуди земјата. Иако оддалечените, честопати тропските острови одамна се развиле во офшор прибежишта, како што се Кајманските Острови или Британските Девствени Острови. Но, тоа повеќе не е случај. Американската сојузна држава Делавер одамна е популарна по основање на такви компании поради тајноста што ја нуди. Јужна Дакота се појавува како главно место за доверба од истата причина. Офшор компаниите се голем бизнис. Според најновите податоци на Европската комисија, капиталните и банкарските сметки на офшор компаниите претставуваат 10,4 отсто од глобалното економско производство во 2016 година. Зошто се користат?  Ронен Палан, економист и професор на Универзитетот Сити во Лондон, вели дека „употребата на оваа структура е за да се одржи некаква тајност“, без разлика дали станува збор за конкуренти или даночни власти. Оваа тајна може да се искористи за да се избегнат даноци, коруптивни активности и финансирање криминални и терористички активности. Дали се тие легални?  Формирањето офшор компанија не е нелегално, но може да се искористи доколку сопствениците не ги пријават својот имот и профит на властите во нивната земја на живеење, како и даноците што се должат. Пандорините документи содржат многу случаи на имот што можеби биле скриени и не биле пријавени на властите. Документите, исто така, содржат многу случаи во кои офшор компаниите се користат за „оптимизирање“ на даноците користејќи методи кои се технички легални. Но, медиумските организации вклучени во истрагата прашуваат дали таквата употреба е морална, бидејќи им овозможува на компаниите драстично да ги намалат даноците, влошувајќи ја нееднаквоста. Употребата на офшор компании од страна на политичките лидери привлекува внимание поради загриженоста за недостаток на транспарентност и корупција. Која е улогата на посредниците?  Офшор компаниите не би можеле да работат без адвокати, сметководители, нотари и банкари, и тие се вклучени во наводни прекршувања откриени во Пандорините документи. Во 2016 година Панамските документи открија дека панамска адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ бил давател на корпоративни услуги, а според Пандорините документи 14 компании за финансиски услуги управувале со 29.000 офшор компании. Како да се регулира подобро?  Професорот од Беркли, Габриел Цукман, оценува дека треба да бидат забранети офшор компаниите. - Очигледно е дека компаниите „школки корпорации“ без економска содржина, чија единствена цел е да избегнуваат даноци или други закони, треба да бидат забранети, истакна професор Цукман. Додека професор Палан истакна дека напорите за расчистување на овој сектор се изгубени затоа што професионалните компании за услуги лоцирани во даночните оази кои ги заостриле нивните прописи, како Кајманските Острови или Џерси, воспоставиле работа на помалку регулирани места. - Добрите даночни оази станаа фасади на затајување данок, посочи Палан. ми/

Остани поврзан