• понеделник, 18 ноември 2024

Официјално: Челси ги активираше клаузулите на двајца фудбалери

Официјално: Челси ги активираше клаузулите на двајца фудбалери
Лондон, 20 мај 2020 (МИА) - Челси го официјализираше задржувањето во клубот на Оливие Жиру и голманот Вили Кабаљеро. Договорите на двајцата истекуваа по крајот на сезоната, но лондонскиот тим ги активираше клаузулите за обновување за 12 месеци. Информациите за Жиру се појавија пред извесно време и денес „сините“ потврдија дека го искористиле своето право да го продолжат договорот во март. Сега ова е направено и со Кабаљеро. Досега Жиру постигна 21 гол на 76 натпревари за Челси од доаѓањето од Арсенал во зимата 2018 година. Кабаљеро е во клубот уште од летото 2017 година, кога дојде од Манчестер Сити. Аргентинецот ќе наполни 39 години наесен.

Тагови

Остани поврзан