• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОУ „Синиша Стоилов“ во општина Зрновци ќе добие три нови училници

ОУ „Синиша Стоилов“ во општина Зрновци ќе добие три нови училници

Кочани, 19 јули 2025 (МИА) - До почетокот на наредната школска година, Основното учлиште „Синиша Стоилов“ од Општина Зрновци ќе добие три нови простории. Две од нив се наменети за училници, третата е предвидена за сензорна соба за учениците со посебни потреби, каква што досега ова училиште немало.

- Трите простории (училници) ќе бидат опремени со инвентар, нагледни средства и опрема според најновите образовни стандарди, со смарт табли и таблети за учениците, покрај останатото, информираше директорката на ова училиште, Слаџана Гаврилова.

Станува збор за проект што се финансира со средства од Источниот плански регион. Повикот за избор на изведувач на работите е распишан, се треба да биде завршено до септември, до почетокот на новата школска година. ис/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан