• сабота, 23 ноември 2024

Отстранета приколката на кајакарски клуб „Црн Дрим“ Струга

Отстранета приколката на кајакарски клуб „Црн Дрим“ Струга
Струга, 13 ноември 2020 (МИА) – Со жив штит членовите на кајакарскиот клуб „Црн Дрим“ од Струга, „Стрмец“ од Охрид и „Радика“ од Дебар денеска се обидоа да ја заштитат приколката во која ги чуваат опремата и кајаците за тренинг од багерот кој по налог на Општина Струга дојде да го отстрани објектот. Претседателот на кајакарскиот клуб „Црн Дрим“ Струга, Игор Малески вели дека не добиле решение за отстранување и оти ова, како што рече, е атак врз спортот. - Ова е атак врз спортот. Бидејќи дојде во градот да сметаме со обична приколка додека цело Охридско Езеро е избетонирано. Неможе една ваква приколка што ја користиме за спорт да се злоупотребува и да се покажува сила за оние што не се партиски ориентирани, а од друга страна цело крајбрежје е злоупотребено, изјави Малески. Тој тврди дека местото е сопственост на државата и оти општината нема надлежност да го отстранува. Општинскиот комунален инспектор Трифун Танески пак смета дека постапуваат согласно надлежностите и оти секој нелегален објет мора да биде отстранет. - Објектот е поставен без одобрение на Општина Струга, нелегално. Иако знаевме кој е сопственик, тој се криеше и неможевме да му доставиме записиник и решение. Во тие услови издадовме решение против непознат сторител и решение за извршување, рече Танески. Кајакарот Никола Малески вели дека наместо поддршка од државата, нив им се одзема објектот кој им овозможувал услови за тренинг. - Наместо да бидеме поддржувани од државата и финансиски и психички тие денеска дојдоа да го отстранат објектот во кој ја сместуваме нашата опрема. Ако го отстранат објектот нема кај да ја чуваме опремата и ќе нема од кај да тренираме ќе се повлечеме од спортот. Ова е срам за спортот ќе го уништат кајакот во Македонија, рече Малески. Кајакарскиот клуб „Црн Дрим“ од Струга има 30 кајакари меѓу кои и тренираат и деца од Дебар и Охрид, Некои од нив ја претставувале државата на европски и светски првенста и на олимпијади. сс/нд/

Остани поврзан