• петок, 22 ноември 2024

Отстранета дива депонија од булеварот „Никола Карев“

Отстранета дива депонија од булеварот „Никола Карев“

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Екипи на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на минатата ноќ отстранија обемна дива депонија, лоцирана на булеварот „Никола Карев“ - „Пластичарска улица“, на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД, соопштија денеска од претпријатието.

- Во рамките на акцијата, подигнати и транспортирани се приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата, појаснуваат од претпријатието.

Како што се додава во соопштението, активностите биле реализирани во соработка со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“.

- Посочениот реон претставува „црна точка“ каде е забележано континуирано, непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во претстојниот период, „Еко-патролата“ при ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација, се нагласува во соопштението. бд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан