Отповикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во Јапонија
- Владата го прифати предлогот на министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, Претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник, информираа денеска од МНР.

Скопје, 29 јули 2023 (МИА) - Владата го прифати предлогот на министерот за надворешни работи за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник, информираа денеска од МНР.
- Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамки на Министерството за надворешни работи му препорача на министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09)., појаснуваат од МНР. цр/бак/
Фото: МИА архива