Откриен тунел што можеби води до гробот на Клеопатра
- Се смета дека подоцна тука, владетелката и нејзиниот љубовник, Марк Антониј, биле погребани по нивната смрт. Исто така, се наведува дека тунелот бил откриен 20 метри под храмот на Озирис.

Александрија, 14 ноември 2022 (МИА) - Археолози пронајдоа огромен тунел под храм којшто датира од Древен Египет и веруваат дека тоа можеби водело и води до гробницата на Клеопатра Седма.
Египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека тунелот е долг 1.300 метри и се наоѓа на длабочина од 13 метри под градот Тапосирис Магна, недалеку од Александрија, основан во 4. век п.н.е. Се смета дека подоцна тука, владетелката и нејзиниот љубовник, римскиот војсководец и принкепс Марк Антониј, биле погребани по нивната смрт. Исто така, се наведува дека тунелот бил откриен 20 метри под храмот на Озирис, египетскиот бог на подземјето.