• петок, 22 ноември 2024

Откриена масовна гробница во Пермет, Мета бара итна реакција од институциите

Откриена масовна гробница во Пермет, Мета бара итна реакција од институциите
Тирана, 15 јули 2021 (МИА) - Масовна гробница на жртвите на комунизмот е откриена во нова населба во  албанскиот град Пермет за време на градежните активности за изградба на пат. Досега се откриени четири јами со повеќе тела, но се претпоставува дека на површина од околу 100 квадратни метри на која се гради пат, има многу повеќе човечки останки од  непријателите на Комунистичката партија.. Претседателот на здружението на поранешни политички осудувани и прогонувани лица, Небил Чика, изјави дека за време на комунистичкиот режим, во оваа област била стационирана воена единица која била задолжена и за „убивање на дисиденти кои биле откривани на граница“. - Сега се откриени четири гробници за кои повеќе од сигурни сме дека се на оние кои беа стрелани во овој дел од земјата. И објектите што се изградени на овој простор, се сомневаме дека се изградени над гробови. Во комунистичката диктатура, се до 1991 година, тука беше станциониран најголемиот центар за обука на граничари. Тие беа користени и за егзекуција на неистомислениците, додаде Чика. Веднаш реагираше и претседателот Илир Мета, кој во објава на социјалните мрежи, ги повикува одговорните државни институции овој случај да се расветли со транспарентност и да се дознае вистината. Тој додаде дека неправедно погубените и невините маченици заслужуваат достоинствено почивалиште, целосна почит и должна државна почест. Во Албанија досега се идентификувани 29 места каде се сомнева дека се закопани телата на политичките затвореници, убиени за време на комунистичкиот режим. За време на 40-годишната комунистичката диктатура, меѓу најбруталните во Европа, регистрирани се 7.022 мртви Албанци во егзил, 984 почнале под невидена тортура во затворите и 6.023 се стрелани како непријатели на партијата на трудот. вт/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан