• петок, 08 ноември 2024

Откажан Василичарскиот маскенбал во охридското село Куратица

Откажан Василичарскиот маскенбал во охридското село Куратица
Охрид, 12 јануари 2021 (МИА) – Членството на Здружението „Свети Василиј“ од охридското село Куратица за оваа година реши да не го организира веќе традиционалниот Василичарски карневал под маски. Управниот одбор на Здружението, во консултација со надлежните инситуции, донел одлука да се откаже какво било организирање на маскенбалот, оттаму што нема услови за негово одржување со оглед на протоколите наметнати поради епидемијата на коронавирусот. Жителите на Куратица го празнуваат православниот празник Свети Василиј Велики со василичарска поворка низ сите домаќинства во селото, карневал односно дефиле под маски со натпреварувачки карактер и сенародна веселба. На централната манифестација во Куратица имало и над две илјади посетители. Карневалот во Куратица од година во година се збогатува со нови содржини и се вбројува меѓу позначајните во државата, покрај струмичкиот, вевчанскиот, прилепскиот. Жителите на Куратица велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година. Се надеваат дека наредната година ќе ја продолжат традицијата. аб/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан