• четврток, 09 април 2026

Отворен јавен повик: 10.000 денари субвенција за полагање возачки испит за младите во Ѓорче Петров

Отворен јавен повик: 10.000 денари субвенција за полагање возачки испит за младите во Ѓорче Петров

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат.

-Со оваа мерка, општината продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување - се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров. 

Градоначалникот истакнал дека вложувањето во младите е клучен приоритет.

- Создаваме услови младите да напредуваат и да имаат еднакви можности за развој. Ова е инвестиција во нивната иднина, но и во иднината на целата заедница, рекол градоначалникот. 

Право на аплицирање имаат жители на општина Ѓорче Петров кои за првпат полагаат возачки испит, согласно утврдените критериуми.

Повикот е отворен, а сите заинтересирани можат да аплицираат согласно условите објавени на официјалната веб-страница на општината. https://opstinagpetrov.gov.mk/javen_povik_subvencioniranje_vozacki_2026/

Општина Ѓорче Петров, велат оттаму, останува посветена на политики што носат реални придобивки и директна поддршка за граѓаните. сст/са/

Фото Општина Ѓорче Петров 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан