Отворен уписниот рок на Математичко – информатичката гимназија во Скопје
- Училишниот центар за талентирани математичари, физичари и информатичари е сместен во населбата Карпош. Учениците кои не живеат во Скопје можат да се сместат во ученички интернат, а трошоците

Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Државното средно училиште Математичко – информатичка гимназија - Скопје, го отвори уписниот рок за прием на нови ученици.
Училишниот центар за талентирани математичари, физичари и информатичари е сместен во населбата Карпош. Учениците кои не живеат во Скопје можат да се сместат во ученички интернат, а трошоците за сместувањето ги покрива Министерството за образование и наука.
На секој ученик кој ќе ја заврши годината со одличен успех, ќе му биде доделена стипендија.
Условите за прием на ученици, програмата како и сите дополнителни информации може да ги најдете на официјалниот сајт на училиштето. ар/сп/