• четврток, 19 декември 2024

Отворен повик за поддршка на млади социјални претприемачи

Отворен повик за поддршка на млади социјални претприемачи

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Проектот RISE официјално го отвори четвртиот повик за поддршка на млади социјални претприемачи. Здружението за социјални иновации АРНО, ги повикува сите млади кои имаат идеја за бизнис, која прави добро за природата и заедниците, да аплицираат со своите тимови најдоцна до 5-ти октомври, преку пополнување на пријава на овој линк.

Оние кои ќе бидат избрани за учество имаат можност да добијат неповратни средства за развој на идеја за социјален и зелен бизнис во вредност од 2500 евра, менторство, обуки и можност да посетат други социјални претпријатија од Западен Балкан.

Минатата недела во Скопје се одржа RISE Форумот за социјално претприемништво, во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка каде претседателката на Здружението за социјални иновации АРНО, Ирина Јаневска ги повика младите да осмислуваат бизнис модели и да аплицираат, бидејќи како што вели, тоа е начинот за да добијат поддршка.

- Младите треба да знаат дека токму сега е време за нови идеи, сите очи се вперени во оваа нова економија. Ние се повеќе ќе ги гледаме продуктите на социјалната економија, приказните кои прават промени. На форумот во Скопје го видовме Лука Пасторели од најголемата Европска мрежа за социјална економија Диезис, слушнавме животни приказни (инспиративната Барбара Садовска од Полска) и ги видовме нашите RISE тимови, вели Јаневска.

Во првите три изданија на RISE на регионално ниво поддржани се вкупно 365 млади и 130 идеи од Западниот Балкан, од кои денес дел од нив се прераснати во функционални социјални бизниси со освоени и други регионални награди и грантови. /ра/лв/

ФОТО: АРНО

Остани поврзан