• понеделник, 23 декември 2024

Отворен повик за доделување на традиционалната награда „Андреја Дамјанов“ за 2022 година

Отворен повик за доделување на традиционалната награда „Андреја Дамјанов“ за 2022 година
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го отвори повикот за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2022 година. Рокот за поднесување на предлози за наградата „Андреја Дамјанов“ е 30 дена од распишување на повикот јавно публикуван во дневниот печат, односно до 28.10.2022 година. -Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја и се доделува на државјанин на Република Северна Македонија. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши комисија, во чии редови е и добитник на наградата “Андреја Дамјанов“. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ, велат од ААМ. Предлозите за наградата „Андреја Дамјанов“ се доставуваат преку: kontakt.aam@gmail.com Повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број: 076 350 336, или на: kontakt.aam@gmail.com ир/са/

Остани поврзан