• среда, 25 декември 2024

Отворен повикот за наградата „Денес“ за млади визуелни уметници

Отворен повикот за наградата „Денес“ за млади визуелни уметници
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Од денеска до 30 април е отворен повикот за наградата „Денес“, која претставува двомесечна програма за престој на визуелни уметници од нашата држава до 35 години во Њујорк, САД. Како што соопштија организаторите, оваа награда се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која вклучува критичко и естетско размислување и дејствување, и е единствена награда за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во земјава од овој вид. -Наградата се доделува по 16-ти пат, означува двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во текот на оваа година, но и овозможува уникатно искуство на уметниците да продуцираат ново дело, да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да имаат изложба со финалистите на наградата, посочуваат организаторите. Сите трошоци на победникот/чката за време на двомесечниот престој во Њујорк ќе бидат покриени како трошоци за виза, здравствено осигурување, патни трошоци, сместување и дневници и дополнително, тој/ таа ќе има јавен настан во Скопје по враќањето од резиденцијата. Пријавувањето е на адресата „nagradadenes@gmail.com“, а резултатите за четворицата финалисти ќе бидат објавени на 5 мај оваа година. Добитникот/чката на наградата ќе бидат соопштени на изложбата која ќе се отвори на 23 јуни. Досегашни добитници на наградата „Денес“ се Елена Чемерска, Верица Ковачевска, Зорица Зафировска, Иван Ивановски, Филип Јовановски, Велимир Жерновски, Илија Прокопиев, Кристина Божурска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Ивановска, Борис Петровски, Атанас Ботев, Далибор Тренчевски, ОПА (Опсесивна посесивна агресија) и Славица Јанешлиева. Повеќе инфомации за критериумите за аплицирање се на следниот линк.бт/са/

Остани поврзан