• понеделник, 23 декември 2024

Отворен нов предучилиштен едукативен центар во селото Радово, Општина Босилово

Отворен нов предучилиштен едукативен центар во селото Радово, Општина Босилово

Радово, 4 октомври 2023 (МИА) - Денеска во селото Радово, во Општина Босилово, е отворен нов предучилишен едукативен центар и безбеден простор за социјализација и игра на децата. Центарот „Огражденски пеперутки“ има капацитет за 20 деца, а на отворањето присуствуваше амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Според неа, отворањето на Центарот е значајно за семејствата, особено за мајките.

-Овој Центар треба да служи како модел за други градови и села. Жените треба да учествуваат на пазарот на труд и да имаат свои кариери, но како мајка и родител можам да ви кажам дека е многу важно децата да ви бидат згрижени и безбедни, да учат и да се во интеракција со другите деца и да се социјализраат додека мајките се на работа. И затоа велам дека Центарот во Радово е многу добар пример, рече Агелер.

Додаде дека ова е еден вид на тестамент како треба да изгледа едно партнерство и е пример како соработуваат општината, градоначалникот, Советот, локалните партнери и приватниот сектор.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, истакна дека отворањето на овој центар е од големо значење за Општината.

-Како што можете да видите станува збор за еден прекрасен центар кој пред дваесетина денови почна со успешна работа и можете да видете дека децата имаат одлична можноист за едукација, социјализација и понатаму да се образуваат.Вакви проекти се повеќе од неопходни со цел да овозможиме развој на руралните средини, рече Манчев.

Отворањето на Центарот е поддржано од програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со ЛАГ „Беласица-Огражден“, која ја опфаќа територијата на општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, како и останати четири Локални акциски групи од регионот. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан