Отворен ден за лекторите во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
- Целта е да се промовира Здружението на лектори, да се претстави Програмата за работа, да се ажурира членството и да се разменат информации за актуелните проблеми поврзани со лекторството, а во контекст на Законот за употребата на македонскиот јазик.
Скопје, 26 април 2025 (МИА) - Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска во 11 часот ќе се одржи Отворен ден за лекторите, соопштија од Здружение на лекторите на РСМ.
Целта е да се промовира Здружението, да се претстави Програмата за работа, да се ажурира членството и да се разменат информации за актуелните проблеми поврзани со лекторството, а во контекст на Законот за употребата на македонскиот јазик. цр/лб/
Фото: МИА архива