Отворен ден во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за промоција на стручното образование и новите модули (ПВТ)
- Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка денеска во рамки на отворениот ден ќе бидат промовоирани стручните насоки кои се нудат за образование на учениците, меѓу кои нов
Крива Паланка, 19 мај 2021 (МИА) – Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка денеска во рамки на отворениот ден ќе бидат промовоирани стручните насоки кои се нудат за образование на учениците, меѓу кои новововедените здравствена струка-медицинска сестра и угостителски техничар.
Новите струки годинава беа одобрени од МОН во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ со која во дијалог со компаниите и општините се обезбедува брзо и квалитетно вработување на младите по завршувањето на средното образование, а за компаниите квалитетен и обучен кадар со кој ќе ја подигнат продуктивноста.
Кампањата денеска ќе биде промовирана и во СОУ „Ѓорче Петров“.
-На отворениот ден во нашето средно училиште полуматурантите ќе имаат можност да се информираат за можностите што ги нуди средното стручно образование кое може да го изберат. Како училиште годинава имаме дуални паралелки, што е новитет, новите струки се договорени низ дијалог со локалните компании, а за првпат имаме можност за изучување здравствена струка - медицинска сестра со една паралелка во која ќе можат да се запишат вкупно 34 ученици, како и угостителска струка - угостителски техничар за 25 ученика. Министерството за образование и наука на РС Македонија официјално ги одобри согласно потребите идентификувани преку проектот „Учи паметно,работи стручно“, а денес ќе ги промовираме сите можности за стручно и гимназиско образование во училиштето: електротехнчка струка за компјутерска техника и автоматика, машинска струка-машински техничар, двете со четиригодишно траење и тригодишно траење, автомеханичар, сите дуални паралелки во соработка со локални компании, изјави директорката на средното општинско училиште "Ѓорче Петров", Габриела Стаменковска.
Новитет во претстојната 2021/22 учебна година е соработката со локалните компании од разни сектори каде учениците ќе можат да ја изведуваат својата пракса согласно наставните програми за дуално образование, со пракса во „Дема стил“ ДОО Крива Паланка, АД„Пролетер“, Крива Паланка, „Парк Гиновци“ ДООЕЛ, Ранковце и Национален ресторан "Воденица 3", Крива Паланка.
Првиот упсиен рок за запишување во средните училишта е од 14 до 17 јуни, а МОН овозможи: 97 дуални паралелки со практична обука за 2.000 ученици на територијата на државата, со 2.200 стипендии за ученици од прва година во износ од 3.500 денари месечно за учениците во дуални паралелки. иб/аа/