• понеделник, 23 декември 2024

Отворен „Дајмонд мол“, новиот трговски центар во Скопје, инвестиција на турски „Лимак“

Отворен „Дајмонд мол“, новиот трговски центар во Скопје, инвестиција на турски „Лимак“

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) – Во Скопје денеска официјално беше отворен „Дајмонд мол“, новиот трговски центар на турската компанија „Лимак“ во состав на проектот „Дајмонд оф Скопје“, инвестиција од 350 милиони евра со 1.000 нови вработени. Во молот, кој се простира на 48 илјади квадратни метри, има над 150 продавници, гурманска авенија со продавници за храна и зона на соништата наменета за децата и младите.

-„Дајмонд мол“ го сметам за инвестиција која ќе ја живне економијата и ќе придонесе за отворање нови работни места не само за Скопје, туку севкупно ќе даде импулс и на економијата на земјата и на Балканот, рече почесниот претседател на групацијата „Лимак“ Нихат Оздемир во поздравниот говор на отворањето.

Нагласи дека во молот има продавници на над 150 меѓународни брендови, гурманската авенија која, како што кажа, на гостите ќе им нуди разни кулинарски вкусови, како и прва зона на соништата на Балканот наменета за деца и млади која се простира на 3.500 квадратни метри и која ќе ги спои учењето и имагинацијата на едно место.

-„Дајмонд мол“ со овој уникатен концепт ќе биде многу повеќе од трговски центар, ќе биде еден лајф центар. Трговскиот центар за чија инаугурација сме денес собрани е последната алка од проектот „Дајмонд оф Скопје“ чија проектна вредност достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори, рече Оздемир и додаде дека станува збор за еден од највозбудливите чекори од проектот „Дајмонд оф Скопје“, составен од згради, хотел, канцеларии и трговски центар.

Потсети дека во рамки на „Дајмонд оф Скопје“ во април 2022 година е отворен хотелот „Лимак“ кој има капацитет од 142 соби и апартмани, веќе се готови и двете кули со 772 резиденции и 24 хоум офиси, а целиот проект, како што кажа, ќе биде завршен кон крајот на 2024 година.

Турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок посочи дека Скопје добива нов трговски центар во чија изградба се применети највисоките и најсовремените стандарди за градба на ваков вид објекти. Нагласи дека урбанистите во иднина ќе може да учат од овој проект за модерниот дизајн и неговата функционалност.

На свеченото отворање на „Дајмонд мол“ присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, повеќе министри, претставници на турски банки и компании во земјава и домашни бизнисмени.вј/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан