Отворен вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје
- СООПШТЕНИЕ: Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! - Стартап Клуб Скопје првиот централен македонски претприемачки хаб го отвори вториот инкубаторски повик. По спроведувањето на првиот инкубаторски повик #ИмамИдеја1 преку кој беше овозможено менторство на 12 бизнис идеи, развој на 8 стартапи во почетна фаза и 3 инвестиции од домашни и странски инвеститори, тимот на Стартап Клуб Скопје е мотивиран повторно да ја започне тримесечната инкубаторска програма.
Скопје, 7 ноември 2024
Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! - Стартап Клуб Скопје првиот централен македонски претприемачки хаб го отвори вториот инкубаторски повик.
По спроведувањето на првиот инкубаторски повик #ИмамИдеја1 преку кој беше овозможено менторство на 12 бизнис идеи, развој на 8 стартапи во почетна фаза и 3 инвестиции од домашни и странски инвеститори, тимот на Стартап Клуб Скопје е мотивиран повторно да ја започне тримесечната инкубаторска програма.
Главни поддржувачи на инкубаторската програма се ПроКредит Банка, кои воедно се и годишни партнери на Стартап Клуб Скопје. Преку оваа соработка ПроКредит Банка овозможува сигурен старт и поддршка за бизнисите во развој, не само преку нивните услуги и пакети туку и преку менторство на бизнис идеите кои ќе бидат дел од инкубаторската програма.
Инкубаторската програма овозможува поддршка во вредност од 10 000 евра која вклучува, развој на бизнис модел, стратегија за настапување на пазарот, правна и административна поддршка, стартап финансирање, менторство при бизнис и маркетинг стратегија, развој на MVP, користење на заеднички канцелариски простор во склоп на Стартап Клуб Скопје. Завршниот дел од програмата го вклучува настанот „Демо Ден“, каде преку презентации пред избрани инвеститори, бизнис ангели, и компании, тимовите од програмата ќе имаат можност да стигнат до своите први инвестиции.
Повикот е отворен до 20ти ноември за тимови и индивидуалци кои имаат уникатна бизнис идеја и се подготвени истата да ја реализираат во наредите 5 месеци, а својата апликација за учество можат да ја поднесат преку следниот формулар: https://forms.gle/4DNhm5kQiAymWHoT7
Селекцијата за учество на инкубаторската програма ќе ја направи внимателно избрана комисија од ментори и инвеститори врз основа на критериуми како што се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и слично. Според овие критериуми ќе се одберат 30 идеи кои ќе учествуваат на тридневен хакатон. За време на хакатонот, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да развијат бизнис модел кој ќе биде основа за финален влез во инкубаторската програма која ќе вклучи вкупно 15 бизнис идеи.
Со оваа програма, Стартап Клуб Скопје презема конкретни чекори кон остварување на својата главна цел: Поддршка и развој на стартап заедницата и севкупниот стартап екосистем, преку обезбедување на потребните ресурси, обуки и знаење за младите претприемачи зголемувајќи ги можностите за успех на стартап идеите во Македонија.
Пријавувањето за учество на Инкубаторската програма е отворено до 20 ноември 2024. Сите тековни информации за менторите и поддржувачите на програмата може да ги погледнете на официјалните профили на Стартап Клуб Скопје, фејсбук, инстаграм и линкедин.
Направете го првиот чекор кон градење на сопствен бизнис и аплицирајте за учество на #ИмамИдеја2: https://forms.gle/4DNhm5kQiAymWHoT7 !
Стартап Клуб Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.