• понеделник, 23 декември 2024

Отворени дискусии како дел од светската иницијатива „Ја градиме нашата иднина“

Отворени дискусии како дел од светската иницијатива „Ја градиме нашата иднина“
Скопје, 17 март 2021 (МИА)- Глобал Шејперс Скопје Хаб, како дел од светската иницијатива „Ја градиме нашата иднина“, организира пет отворени Давос Лаб дијалози. Ќе може да учествуваат сите млади до 35 години. Првиот дијалог ќе се одржи денес од 18:00 до 19.30 часот на тема „Ментално здравје, ковид и како понатаму?“, а следниот е во понеделник, 22-ри март во исто време на тема: Нова генерација на влијание и етика - „Водата, човекот, државата“ за чија цел е објавен и фото конкурс. Во текот на следниот месец ќе се организираат останатите три отворени дијалози на теми: Инклузивни работни места: „Еднакви можности за сите“, Јаглеродна неутралност „Нула загадување“ и Дигитална писменост „Како успешно да се преселиме во виртуелниот свет?“. Оваа иницијатива произлегува од многубројните дискусии на светско ниво во втората половина од 2020 година и од сите активности се дефинираа конечните 10 области на кои ќе биде ставен фокусот во светот со цел да има побрзо и поодржливо закрепнување од кризата што ја предизвика пандемијата. Целта е преку ваквите дискусии, да се слушне гласот на младите од нашето општество за овие теми и соодветно да се преточи во заедничкиот светски извештај на кој ќе се засноваат голем број акции и одлуки во 2022 година, а и понатаму. свс/бак/

Остани поврзан