• четврток, 21 ноември 2024

Отворена Интернационалната ликовна колонија „Дебрца 2023“

Отворена Интернационалната ликовна колонија „Дебрца 2023“

Охрид, 6 август 2023 (МИА) – Во селото Белчишта синоќа свечено беше отворена 38. Интернационалната ликовна колонија „Дебрца”, една од најстарите манифестации од тој вид во земјата.

Годинава уметниците Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николоска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од Бугарија и  Светлана Солодова – Русија оваа година ќе творат во чест на основоположникот на Колонијата, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, во обраќањето на свеченоста на отворањето истакна дека 38–те години творештво покажуваат дека Ликовната колонија „Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на Општина Дебрца.

„Основоположниците на колонијата пред 40 тина години можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство“, истакна тој.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ има најбогат фонд уметнички дела во земјава, со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот, што претставува непроценливо македонско и светско културно наследство. аб/дма/

Фото: Општина Дебрца

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан