• четврток, 15 август 2024

Отворање на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники

Отворање на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) – Реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ „УК ТОАРИЛУЦ“ Скопје ќе биде отворен денеска. Како што стои во соопштението на Клиниката, станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар и тоа приемно oдделение, соба за реанимација, соба за тријажа, операциона сала, асептична соба, помошни простории и санитарни чворови за што се издвоени осум милиони денари буџетски средства и средства од донации. Оттаму наведуваат дека парите се искористени како за комплетно реновирање, така и за набавка на медицински инвентар и опрема. Претходно беше извршена реконструкција на Клиниката за Ортопедија, се додава во соопштението. свс/нд/

Остани поврзан