• четврток, 21 ноември 2024

ОТА активирала нови 471 мерка за следење на комуникациите во 2021, 292 за потребите на МВР

ОТА активирала нови 471 мерка за следење на комуникациите во 2021, 292 за потребите на МВР
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница едногласно без забелешки го усвои Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција (ОТА) за 2021 година, изјави за МИА директорот на ОТА Зоран Ангеловски. Во 2021 година има 471 ново активирање на мерката за следење на комуникациите. - За потребите на МВР се 292 активирања, 12 за потребите на Јавното обвинителство, изјави за МИА Ангеловски. Додаде дека има и 342 продолжувања на мерката за следење на комуникации, од кои 172 се продолжувања за потребите на МВР. Инаку, Годишниот извештај за работењето на ОТА е во февруари годинава е доставен до претседателот на Собрниаето Талат Џафери согласно дадените законски рокови. Оперативно-техничката агенција Скопје (во натамошниот текст ОТА) е законски основана со Законот за ОТА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71 од 19.4.2018 година), а започна со работа на 1.11.2018 година. Нејзиното формирање има за цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите. Во нејзиниот домен на заштита се само електронските облици на комуникации помеѓу граѓаните. OTA е самостоен и независен државен орган што обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи за следење на комуникациите, во случаите кога со судска наредба е одобрено следење на комуникациите заради потребите на кривичните истраги или заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата. ОТА не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација, а техничката поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи се обезбедува исклучиво и само врз основа на издадена судска наредба за следење на комуникациите. Надзор и контрола над работењето над ОТА се врши од страна на: Собранието на Република Северна Македонија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Советот за граѓанска контрола, Судовите и Јавното обвинителство на РС Македонија. Имено, директорот на ОТА е должен да достави годишен извештај до Собранието на РС Македонија за работата на ОТА за претходната календарска година најдоцна до крајот на февруари во тековната година, а, по потреба и по барање на Собранието на Република Северна Македонија, доставува и дополнителни извештаи. цр/са/  

Остани поврзан