• недела, 22 декември 2024

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ
Брисел, 28 февруари 2022 (МИА) - Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ - Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија. Тој беше посоветуван писмено да ѝ се обрати на ЕУ од страна на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. гт/

Остани поврзан