• петок, 05 декември 2025

Осумте земји од ОПЕК ќе се состанат на 31 мај, наместо на 1 јуни, во врска производството на нафта

Осумте земји од ОПЕК ќе се состанат на 31 мај, наместо на 1 јуни, во врска производството на нафта

Виена, 26 мај 2025 (МИА) - Осумте членки на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК плус, кои ветија дополнително доброволно намалување на производството на нафта, ќе се состанат на 31 мај, еден ден порано од претходно планираното.

На состанокот веројатно ќе се одлучи за трето последователно зголемување на производството на нафта во јули, што требаше да доведе до зголемување од уште 411.000 барели дневно, јавија британски медиуми.

Тоа зголемување би било трипати повеќе од првично планираното, за кое потоа требаше конечно да се одлучи на 1 јуни. зш/

Остани поврзан