• петок, 22 ноември 2024

Осуммина војници загинаа во напад на бомбаш самоубиец во Авганистан

Осуммина војници загинаа во напад на бомбаш самоубиец во Авганистан
Кабул, 21 јули 2020 (МИА) - Осуммина војници загинаа во напад на бомбаш самоубиец врз конвој на авганистанската армија. Како што пренесуваат странските агенции, Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, кој се случи во услови на општ пораст на насилството во Авганистан. Во последните неколку недели се случи голема ескалација на насилство и чести судири меѓу талибанските борци и авганистанските владини сили, бидејќи официјален Кабул не ја исполни својата обврска да ослободи стотици притворени припадници на талибанското движење, во рамки на договорот за размена на затвореници. Претставник на авганистанското Министерство за одбрана изјави дека бомбашот самоубиец во возилото активирал експлозивна направа во округот Сајед Абад во провинцијата Вардак и убил осум, а ранил девет војници. Талибанците ја презедоа одговорноста, тврдејќи дека владините сили претрпеле значителни загуби во неодамнешните судири. Иако во февруари во Доха беше потпишан договор меѓу САД и Талибанците за постепено повлекување на странските трупи од Авганистан со безбедносни гаранции на кои се обврзаа Талибанците, владата во Кабул одбива да ослободи 600 талибански затвореници за кои тврди дека учествувале во смртоносни акции. паг/

Остани поврзан