• понеделник, 23 декември 2024

Осудено лицето кое на социјалните мрежи ја објави снимката од обезглавувањето на  професорот по историја Самуел Пати

Осудено лицето кое на социјалните мрежи ја објави снимката од обезглавувањето на  професорот по историја Самуел Пати

Париз, 8 јануари 2022 (МИА) – Четири години затвор доби лицето кое на социјалните мрежи ја објави снимката од обезглавувањето на  професорот по историја Самуел Пати, убиен на 16 октомври 2020 година недалеку од училиштето каде што работеше, поради прикажување карикатури на Мухамед на неговите ученици, јави дописникот на МИА од Париз.

Осудениот (31) и претходно бил осудуван поради расистички коментари на Интернет во октомври 2020 година.

Според Франс Инфо, му се судело особено за „јавна провокација за извршување кривично дело“, „оправдување на терористички чин“ и „јавно поттикнување омраза или насилство поради потеклото, етничката припадност, нацијата, расата или религијата“. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан