• недела, 28 април 2024

Остин имаше втор телефонски разговор за три дена со Галант во услови на закани од Иран

Остин имаше втор телефонски разговор за три дена со Галант во услови на закани од Иран

Вашингтон, 13 април 2024 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска имаше втор телефонски разговор за три дена со министерот за одбрана на Израел Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Двајцата разговараа за „итните регионални закани и ја повторија непоколебливата поддршка на САД за одбраната на Израел“.

„Секретарот Остин јасно стави до знаење дека Израел може да смета на целосна американска поддршка за одбрана на Израел од какви било напади од Иран и неговите регионални застапници“, се вели во соопштението кое го пренесува „Тајмс од Израел“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан