• петок, 22 ноември 2024

Оставка на јужнокорејскиот премиер по тешкиот пораз на изборите

Оставка на јужнокорејскиот премиер по тешкиот пораз на изборите

Сеул, 11 април 2024 (МИА) - Јужнокорејскиот премиер Хан Дук-су и сите советници на актуелнот  претседател Јун Сук-јеол, освен оние задолжени за безбедносни прашања, денеска поднесоа оставки по тешкиот пораз на владејачката партија на вчерашните парламентарни избори.

Засега не се знае дали претседателот ги прифатил нивните оставки.

Резултатите од изборите значат дека либералните опозициски сили ќе ја продолжат својата контрола врз парламентот додека претседателот Јун не го заврши својот петгодишен мандат во 2027 година, што веројатно ќе го ограничи неговото влијание врз внатрешната политика и ќе ја ослаби неговата контрола врз владејачката партија.

Извршната власт во Јужна Кореја е главно концентрирана во личноста на претседателот, но премиерот е втората најважна личност во земјата и, во случај претседателот да биде оневозможен, тој ја води земјата.

Во одвоено соопштение, лидерот на владејачката партија на Моќта на народот, Хан Донг-Хун, ја презеде одговорноста за изборниот пораз и рече дека ќе се повлече од чело на партијата. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан