• петок, 22 ноември 2024

Осовременета старинска куќа во Тоскана

Осовременета старинска куќа во Тоскана

Милано, 20 октомври 2022 (МИА) - Тоскана важи за една од најубавите области на Италија, а освен природната убавина и вкусната храна, внатрешноста на оваа прекрасна медитеранска земја ги привлекуваат туристите и со убавите куќи и вили. Една од нив е „Вила Пиенца“, којашто се наоѓа во истоимениот град во долината Вал д'Орсија.

Вилата е во сопственост на две сестри, Сабрина и Барбара, и навистина нуди посебно, народно и традиционално италијанско искуство. „Посебна селска куќа, удобна, тивка и пријатна. Опкружена е со градина со ароматични билки, како што се лаванда, рузмарин, босилек и диви цвеќиња. Пространиот трем опремен со голема маса и столици е совршен простор за трпеза на отворено и целосно уживање во слободата на селскиот живот, со драматично зајдисонце придружено со вкусно тосканско вино“, се вели во описот на официјалната интернет-страница на „Вила Пиенца“. Има и долг базен, а внатре, како што може да се види од фотографиите, „малку од Тоскана“ лежи во секоја ситница од градбата. Предизвикот, велат сестрите, бил да се направи куќата модерна и удобна, но во истовреме и „да им се овозможи на гостите да се нурнат во тосканскиот приироден начин на живот“, со старите предмети и мебел.  си/

Остани поврзан