• петок, 22 ноември 2024

Оснажнување на жените во СТЕМ: Програмата за стипендии на Британскиот совет ги отвора вратите за образование од светска класа

Оснажнување на жените во СТЕМ: Програмата за стипендии на Британскиот совет ги отвора вратите за образование од светска класа

Скопје, 9 февруари 2024  

Програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет обезбедува стипендии за талентирани научнички кои сакаат да се стекнат со магистерски квалификации во Обединетото Кралство, преку унапредување на успехот во кариерата на глобално ниво. Оваа година, програмата доделува 25 стипендии во 12 земји, вклучително и Северна Македонија, преку обезбедување на пристап до разновиден спектар на курсеви, со сеопфатни придобивки како што се целосно покривање на школарината, месечните стипендии за живот, повратните летови за Обединетото Кралство и покривање на трошоците за виза и здравствена заштита.

Програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет им обезбедува на талентираните научнички дарежливи, сеопфатни стипендии кои им овозможуваат да студираат и да се стекнат со магистерски квалификации од светска класа во Обединетото Кралство. Оваа програма им овозможува на научничките да постигнат успех во кариерата во нивните матични земји и на меѓународната сцена.

Оваа година Британскиот совет обезбедува 900.000 британски фунти преку 25 стипендии за научнички од Турција, Западен Балкан, Централна Азија и Јужен Кавказ. Програмата обезбедува пристап до разновиден избор од 67 магистерски програми на пет истакнати универзитети во Обединетото Кралство - Универзитетот во Бредфорд, Универзитетот Кранфилд, Универзитетот во Глазгов, Универзитетот во Сент Ендрјус и Универзитетот во Стирлинг. По завршувањето на нивните студии, научничките се враќаат дома за да придонесат на СТЕМ секторот во нивните земји, споделувајќи вредни врски и искуства стекнати во Обединетото Кралство.

Подготвена како можност за оние кои немале шанса да студираат во странство, програмата им дава приоритет на апликантките кои не би можеле да продолжат со образованието во странство без оваа стипендија. Нагласувајќи ја еднаквоста, различноста и инклузивноста, програмата ги охрабрува жените од сите возрасти да аплицираат. Покрај тоа, апликантките мора да ги исполнуваат условите за прием на конкретната универзитетска програма, што подразбира и поседување соодветна диплома од додипломски студии.

Жените во научнички од СТЕМ секторот кои ќе бидат стипендирани во академската 2024-2025 година ќе добиваат сеопфатен надоместок, кој вклучува целосна школарина, месечна стипендија за живот, повратни летови за Обединетото Кралство, покриени надоместоци на трошоците за виза и здравствена заштита, како и враќање на уплатените средства за тестот ИЕЛТС, доколку е потребно. Дополнителната поддршка вклучува покривање на трошоците поврзани со студиите, како што се неопходните патувања во рамките на програмата и материјалите.

Апликациите може да се направат директно преку секој универзитет кој ги нуди саканите програми. Апликантките можат да ја посетат веб-страница на Британскиот совет Северна Македонија за пристап до целосната листа на достапни стипендии почнувајќи од крајот на јануари 2024 година. Крајниот рок за аплицирање на научничките за програмата е 30 април 2024 година.

Програмата „Жени во СТЕМ“ ја нагласува посветеноста на Британскиот совет за оснажнување на жените во областа на науката и технологијата, придонесувајќи на тој начин на една поинклузивна и поразновидна глобална СТЕМ заедница. Во текот на последните три години, програмата додели стипендии на над 300 жени на глобално ниво, што по износ е инвестиција која надминува 13 милиони британски фунти.

 

Британски совет

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан