• вторник, 05 ноември 2024

Османи – Валтонен: ОБСЕ да се поддржи и понатаму во обезбедувањето стабилност и безбедност во Европа

Османи – Валтонен: ОБСЕ да се поддржи и понатаму во обезбедувањето стабилност и безбедност во Европа

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Соработката помеѓу Северна Македонија и Финска во рамки на ОБСЕ, со посебен фокус на активностите и предизвиците со кои се соочува Претседателството и заедничкото учество во рамките на ОБСЕ Тројката, беше во фокусот на средбата на шефот на дипломатијата и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи со неговата финска колешка, министерката за надворешни работи Елина Валтонен, одржана во рамки на Самитот на НАТО во Вилнус. 

Како што соопшти МНР, изразувајќи задоволство од соработката, министрите разменија мислење за активностите и начините на кои се спроведуваат приоритетите на актуелното Претседавање со Организацијата, како и подготовките, активностите и начините на кои ќе функционира организацијата сѐ до преземањето на претседателството од страна на Финска.

-Османи посебен фокус посвети на последната иницијатива што како Претседавач со ОБСЕ неодамна ја претстави – формирањето нов Охрид Центар за мир и медијација како нова алатка во рамките на ОБСЕ, која треба да ја зајакне улогата на Организацијата во промоцијата на културата на дијалог, политиките на помирувањето, компромисот итн., се наведува во соопштението.

Османи и Валтонен, покрај за активностите во ОБСЕ во рамки на Претседавањето на Северна Македонија во 2023 година, се додава, разговарале и за предизвиците поврзани со други важни прашања за функционирањето на Организацијата како и за начините за нивно решавање.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната улога на ОБСЕ во обезбедувањето на долгорочна стабилност и безбедност во Европа, потенцирајќи дека е потребно да се вложат дополнителни политички напори Организацијата да ја задржи оваа улога и во иднина, стои во соопштението на МНР. вг/са/

 

Фото: МНР

Остани поврзан