• петок, 22 ноември 2024

Османи: Решението од заедничката Kомисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија е најодржливо

Османи: Решението од заедничката Kомисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија е најодржливо
Скопје, 23 октомври 2020 (МИА) – Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да одржи средба и пред декември, со што ќе компензираат тоа што во текот на изборите го изгубија како момент и од пандемијата, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Канал 5. Тој рече дека и претходно и сега инсистира во Комисијата да има и член Албанец бидејќи, според него, ова е заедничка битка и дека заедничкиот ангажман за ова прашање ќе не зближи многу. -Тука е можност да се создаде блискост, но и да се остава наследство дека Албанците биле важен чинител кога се решавале некои важни прашања. Се разбира дека работам на тоа и наскоро ќе има решение и се разбира дека јас ги  согледувам работите и го утврдувам моментот кога е тоа најдобро да се направи за да не се направи штета на процесот, рече Османи. Според него Комисијата е инструментот за решавање на проблемот со Бугарија и дека тоа што ќе произлезе од неа е најодржливото решение. -Теоретски може политичарите да најдат решение, меѓутоа колку се тие одржливи. Затоа што секогаш ќе се гледаат од политички контекст, дека биле политички решенија а не биле на научни согледувања и решенија и утре кој било може да ги спори тие решенија. И затоа сметам дека е најодржливо, најцврсти решенија ќе бидат тие што историчарите без влијание на политичарите ќе ги донесат како заклучоци, истакна Османи. Јас би сакал овие прашања веќе да се завршат, да се тргнат од агенда за да можеме да продолжиме со преговорите. Би сакал овие прашања да не бидат дел од нашиот политички дискурс. Мене затоа ми е важна првата меѓувладина конференција бидејќи така чувствувам дека е една отсечка, една бариера на балканскиот политички дискурс на разговарања на историски прашања, идентитетски прашања, граници  итн. и да влеземе во еден друг модус на функционирање на општеството, а тоа е реформи, животна средина, владеење на право и сето тоа што го предвидува преговарачкиот процес, истакна Османи Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека веќе имало испорачан договор сличен на Преспанскиот кој предвидува уставни измени, министерот Османи рече дека веднаш реагирал на таа изјава. -Јас реков дека постојат сет на идеи од едната, од другата страна, од сите инволвирани во процесот како да се надминат прво разликите во очекувањата. Прво, дали има динамика на имплементација, дали може да се направи нешто побрзо, која би била таа динамика, што може да го забрза процесот, некои дополнителни дилеми коишто се појавија во меѓувреме, а не се дел од Договорот како што е на пример – разликите по однос на новото кратко име на државата, по однос на резолуциите на Советот на Европа, појасни Османи. Во односн на средбата на 10 ноември во Софија и дали има можност за средба порано од Берлинскиот процес, Османи рече дека прашањето дали ќе има претходна средба зависи од многу фактори, вклучувајќи ги и разговорите коишто ги водат на дневна основа. -Ние комуницираме, комуницирам јас со мојата колешка Захариева, меѓутоа комуницираат и двете министерства на дневна основа по однос на овие разлики, истакна Османи. Според министерот, проблемот со македонскиот јазик кој го имаат Бугарите е во различната интерпретација по однос и на таа дефиниција што значи според Уставот на Република Македонија тогаш, сега Република Северна Македонија. - Поврзано е со потеклото на јазикот. Спорот е заради нивниот став дека треба да се признае историскиот контекст на генезата на јазикот. Меѓутоа, нашиот став е дека прашањето на јазикот не е прашање кое што се регулира во меѓудржавните односи  тоа е прашање кое што произлегува од правото на самоопределување и на самоизјаснување на граѓаните, рече Османи.бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан