• понеделник, 25 ноември 2024

Османи: Продолжуваме да ја градиме нашата државност горди на сите досегашни успеси

Османи: Продолжуваме да ја градиме нашата државност горди на сите досегашни успеси
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - Над три децении, заедно, #ОбединетиВоСлободата продолжуваме да ја градиме нашата државност горди на сите успеси кои досега ги постигнавме, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи по повод 8 Септември, Денот на независноста на државата.
Денес, вели Османи, во сосема поинакви околности: Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, земја која преговара за членството во ЕУ, со нова улога на меѓународната сцена како рамноправен партнер на сојузниците. дма/

Остани поврзан