• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Извештајот на ЕК ја валоризира нашата работа, мотив повеќе да продолжиме со исто темпо и следната година

Османи: Извештајот на ЕК ја валоризира нашата работа, мотив повеќе да продолжиме со исто темпо и следната година
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неговиот фејсбук-профил го истакна напредокот на земјава во однос на надворешната политика, што е потврден со највисока оцека во извештајот на Европската комисија. - Највисока оценка - многу добар напредок - во извештајот на Европската комисија за напредокот остварен во надворешната политика, почеток на преговорите со ЕУ како историски момент што означува нова фаза во пристапниот процес на земјава, целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ,  докажан доверлив партнер и стратешки ориентиран кон основните принципи и вредности на ЕУ, значаен придонес во регионалните односи и иницијативи, потенцираше министерот на Фејсбук, нагласувајќи дека тој резултат ја валоризира нивната работа, што е мотив повеќе да продолжат со исто темпо и следната година за Претседавањето со ОБСЕ, Претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и Претседавањето со САД – Јадранската повелба - А5. см/ац/

Остани поврзан